Горан Андоновски останува на кормилото на Младост

65

Еден од македонските тренери со искуство од странство, Горан Андоновски, останува на кормилото на Младост Богданци, кој во следната сезона ќе игра во најквалитетното домашно натпреврување.

Откако го доби баражот против Струга и обезбеди пласман во Супер лигата, испраќајќи ја Струга во прволигашката  конкуренција, Младост започна со формирањето на ростерот за следната сезона.

Богданчани го решија најважното прашање со продолжување на соработката со Андоновски, а сега веќе ќе можат да се посветат на комплетирањето на играчкиот кадар за големиот предизвик.

Андоновски во Богданци пристигна на стартот на изминатата сезона и успеа со клубот да ја оствари зацртаната цел.

,,Со голема чест и задоволство објавуваме дека тренерот Горан Андоновски, останува тренер на РК Младост 1977 и во претстојната суперлигашка сезона! По успешната мисија и враќањето на клубот таму каде што му е местото – во македонската Суперлига – продолжува заедничката приказна исполнета со амбиција, работа и големи цели. Неговото искуство, професионализам и победнички менталитет беа еден од клучните фактори во развојот на тимот и создавањето на конкурентна екипа која гордо го претставува Богданци и Југоистокот”,  стои во соопштението на Младост.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT