Младинците сите три меча на ЕП ќе ги играат од 13:30 часот!

97

Машката младинска репрезентација на Македонија (У20) ќе биде еден од учесниците на Европското првенство во Романија, кое ќе се одржи од 8 до 19 јули во романските градови Клуж и Турда.

Избраниците на селекторот Игор Илиевски во групната фаза ќе се соочат со две скандинавски селекции – Данска и Норвешка, како и со Хрватска во рамките од групата Д. Пласман во следната фаза обезбедуваат само првопласираната и второпласираната репрезентација од секоја група.

ЕХФ ги одреди датумите и термините, па „црвено-жолтите“ сите три натпревари од групната фаза ќе ги одиграат во ист термин ( 13:30 часот) во „BTarena“ во Клуж. Нашата репрезентација стартува против Норвешка, потоа следува дуелот со Хрватска, а групната фаза ќе ја затвори против Данска.

Распоред на натпревари:
08.07, 13:30 часот: Норвешка – Македонија
09.07, 13:30 часот: Хрватска – Македонија
11.07, 13:30 часот: Македонија – Данска

Претходно, новиот селектор Илиевски го скрати списокот за настап на младинскиот континентален собир. Во игра останаа 18 ракометари кои ќе ги започнат подготовките и ќе одиграат четири контролни натпревари.

Илиевски го скрати списокот: Еве кои се 18-те повикани пред ЕП!

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT