Двајца екс младински репрезентативци пред трансфер во Битола

305

По ангажирањето на тренерот Бранислав Ангеловски, вториот тим на битолчани работи на составување на играчкиот кадар за претстојната сезона.

Едни од желбите на „двојката“ се поранешните младински репрезентативци Давид Димевски, најдобриот стрелец во Супер лигата за сезона 2024/25, и членот на Прилеп, Божидар Илиески.

Димевски настапуваше за кадетската и младинската репрезентација на Македонија, додека Илиески исто така беше дел од двете репрезентативни селекции во периодот од 2021 до 2022 година.

Прилепчанецот Илиески имаше одлична сезона во дресот на својот матичен клуб по враќањето од Мулти Есенс, а претходно во Автокоманда беше дел и од Алкалоид.

ФОТО: РК Прилеп/ Андреј Ристески

Доколку се реализираат трансферите, тогаш Еурофарм Пелистер 2 ќе добие две сериозни засилувања, кои со својот квалитет и суперлигашко искуство би можеле да направат разлика на теренот.

ФОТО: МРК Куманово

Како дел од подготовките за новата сезона, младите пелистерци ќе настапат на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

Најдобриот суперлигашки стрелец од пред една сезона ќе има нов клуб

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT