Куманово продолжува со засилувањата – пристигнуваат уште двајца млади играчи!

167

РК Куманово продолжува да биде активен на домашниот пазар, а тимот наскоро би требало да добие уште две млади засилувања.

Според информациите на Спортска Димензија, станува збор за кружниот напаѓач на Бутел Скопје, Матеј Новаковски, и бекот на Еурофарм Пелистер 2, Бојан Гичев.

Новаковски е поранешен кадетски репрезентативец на Македонија, а има забележано настапи и за младинската селекција. Пред да заигра за Бутел Скопје, кружниот напаѓач настапуваше во Автокоманда, каде што го носеше дресот на Алкалоид. Гичев, пак, во изминатите две сезони беше дел од вториот тим на Еурофарм Пелистер, клуб во кој пристигна од Овче Поле. 

Куманово досега ги ангажираше и двајцата довчерашни ракометари на Струга – десното крило Наум Костов и средниот бек Филип Мечкароски, како и кружниот напаѓач од Пролет, Марко Трајковски. Наскоро се очекува Куманово да потпише и со ракометар од странство, со што клубот би ги пополнил дефицитарните позиции во тимот по заминувањето на неколку важни играчи.

За претстојната сезона, Куманово повторно ќе смета и на своите бисери – Христијан Вујичевски, Тино Стојановски и Глигор Трајковски, ракометари кои, и покрај младоста, веќе имаат суперлигашко искуство.

Ракометарите на Куманово, според распоредот, сезоната ќе ја започнат на гостински терен против Прилеп, додека во второто коло на домашен терен ќе го пречекаат актуелниот шампион Вардар.

 

Голем потег на Куманово: Клубот ги задржа своите бисери

 

Куманово се засили и со пикерот Марко Трајковски

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT