Ракометната федерација на Македонија го именуваше Игор Марковиќ за нов селектор на женската сениорска репрезентација.
Црногорецот е поранешен репрезентативец кој во играчката кариера настапуваше за Ловќен, Будуќност, Ал-Курине и Комлои Бањаш, а за репрезентацијата на Црна Гора играше од 2007 до 2018 година. Четири години по ред, од 2010 до 2013 година, беше прогласуван за најдобар ракометар на Црна Гора.
По завршувањето на кариерата во 2022 година, Марковиќ се посвети на тренерската работа. Како селектор на младинските селекции на Црна Гора оствари солидни резултати, а во 2024 година работеше и како прв асистент во романскиот гигант Рапид Букурешт.
Најголемиот успех го постигна оваа година, кога со Црна Гора го освои 5. место на Светското првенство за ракометарки до 20 години во Кина.
Марковиќ на селекторската позиција доаѓа пред важниот период за Македонија, која ја очекуваат настапот на Трофеј Македонија, а потоа и подготовките за Европското првенство.
„Чест и големо задоволство ми е што ја добив довербата да бидам селектор. Пред нас е Европското првенство, а претходно не очекува подготвителен период во кој ќе работиме напорно за да изградиме силен тим. Верувам во заеднички успеси со кои достојно ќе ја претставуваме Македонија“, изјави Марковиќ.
Црногорецот селекторската функција ја презема од досегашниот предводник Кристијан Грчевски.