Тимот на Тиквеш за новата сезона, во која покрај настапите на домашната сцена повторно ќе игра и во европските натпреварувања, доби големо засилување.
Во составот предводен од Кристијан Грчевски пристигнува десниот бек Шамал Абдула, искусен ракометар кој во својата кариера, освен во Франција, играше и во Африка (Либија и Тунис).
Абдула и кавадаречкиот клуб постигнаа договор за едногодишна соработка – објавија од менаџерската агенција на Шамал, BS Sports Management.
Се очекува Абдула со своето искуство и квалитет значително да го засили ростерот на Тиквеш во пресрет на предизвиците што го очекуваат клубот во домашното првенство и на европската сцена.
Тиквеш за новата сезона ги ангажираше и Борјан Цековски и Тоше Ончев од Куманово, потоа Томислав Димковски и Бојан Солев од Пролет, како и Тунижанецот Мохамед Азиз Бен Махфуд од Еурофарм Пелистер 2.