Една екипа се откажа од настап во кадетската лига

1

Кадетската машка ракометна лига во новата сезона ќе има една екипа помалку од првично најавеното. РК Радовиш се откажа од настап во кадетското натпреварување, со што бројот на екипи кои ќе се борат за титулата во сезона 2026/27 се намали од 16 на 15.

Радовиш беше дел од првично објавениот список на екипи и беше распоредeн во групата Б, заедно со Младост Богданци, Текстилец, Македонија Ѓорче Петров, Гемиџии, Куманово, Мулти Есенс и Вардар.

По откажувањето на Радовиш, во кадетската лига остануваат 15 екипи, а натпреварувањето треба да стартува на 19/20 септември.

Група А: Преспа, Прилеп, Алкалоид, Струга, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Пролет и Еурофарм Пелистер 2

Група Б: Младост Богданци, Текстилец, Македонија Ѓорче Петров, Гемиџии, Куманово, Мулти Есенс и Вардар

Дебитант кај кадетите ќе биде Гемиции (Велес), кој минатата сезона дебитираше во пионерската лига.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе