Ракометниот караван пристигнува во Струга

120

Ракометната федерација на Македонија продолжува со реализација на „Ракометниот караван“, проект кој досега успешно беше реализиран во повеќе македонски градови, меѓу кои Охрид, Прилеп, Битола, Кавадарци, Богданци…

Следниот град што ќе го пречека караванот е Струга. Настанот ќе се одржи на 25 септември во спортската сала „Тими“, со почеток во 12:00 часот.

Целта на караванот е ракометот да се доближи до најмладите генерации, да се поттикне интересот за овој спорт и преку дружење и активности да се промовира ракометот низ Македонија.

Гости на ова издание ќе бидат Марио Танкоски, Теодора Гулицоска и Гоце Ојлески, кои ќе го споделат своето искуство и љубовта кон ракометот со најмладите.

На настанот ќе има и специјален гостин, кој дополнително ќе биде откриен.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе