Тиквеш ја заврши европската приказна: ЕШ од Луксембург се покажа како непремостлива пречка

115

Победата од 33-32 над ЕШ од Луксембург на реваншот не беше доволна за Тиквеш да го продолжи својот пат во ЕХФ Европскиот Куп, односно за првпат во својата историја да мине едно коло.

Гостите од Луксембург ја сочуваа предноста од првиот дуел (30-27) и се пласираа во следната фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Кавадарчани двата натпревари против тимот од Луксембург ги одиграа на свој терен, во спортската сала „Јасмин“, но ни поддршката од трибините не беше доволна за историски пласман во втората фаза од ЕХФ Европскиот Куп.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе