Охрид дел од подготовките ќе ги одработи во Германија

203

Екипата на Охрид, кој во новата сезона ќе биде предводен од Борис Ројевиќ, дел од подготовките ќе ги одработи во Германија.

Од 13 до 16 август, охриѓани ќе престојуваат во градот Леонберг каде ќе реализираат интензивни тренинзи и контролни натпревари. Соработката е реализирана благодарение на новиот тренер на Леонберг, Зоран Ставрески.

Овој период на подготовка претставува важен дел пред настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, кој ќе се одржи од 19 до 23 август.

Охрид досега ангажираше низа засилувања – Бојан Блажески, Давид Саврески, Предраг Вејин, Стефан Петриќ, Анте Иванковиќ, Тилен Стрмљан и Николас Лиапис.

На меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, тимот на Охрид ќе игра во група со екипите на Партизан (Србија), Нексе (Хрватска) и Киндил (Фарски Острови).

Охриѓани освен на домашна сцена, ќе учествуваат и во Европскиот Куп.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT