Во натпревар од 3. коло од младинскиот плеј-аут, во драматична завршница, ракометарите на Тиквеш славеа над Еурофарм Пелистер со 40:39. Херој на победата на кавадарчани беше голманот Блашко Бакев, кој во последната секунда му одбрани пенал на Јован Симоновски.
На триесетина секунди пред крајот резултатот беше 39:39, а тогаш Мартин Тодоров го постигна победничкиот гол за Тиквеш. Битолчани главно беа подобар ривал во првото полувреме, кое го добија со 19:15, но домашниот тим се врати во вториот дел, во кој резултатот само во три наврати беше нерешен (20:20, 21:21, 39:39).
Одличен натпревар во победничката екипа имаше Мики Лазов со 17 погодоци, а по девет постигнаа Мартин Тодоров и Димитриј Ангелов. Кај Еурофарм Пелистер се истакна Стефан Василевски со 11 погодоци. За кавадарчани ова беше петта сезонска победа, односно втора во плеј-аут фазата, по онаа победа на гости во Неготино.