Се наѕираат сите патници за Ф4 кај кадетите

297

Кадетите на Пролет во првиот четвртфинален дуел против Илинден Вардар немаа поголеми проблеми и забележаа убедлива победа од 49:21. Реваншот, на кој Пролет ќе биде домаќин, ќе биде само формалност.

Победи во првите четвртфинални пресметки за пласман на Ф4 забележаа и Охрид и Мулти Есенс. Охриѓани, предводени од Христијан Софкоски (11 гола) славеа над Вардар со 35:27, додека Мулти Есенс беше подобар од Алкалоид со 44:39.

Во составот на Мулти Есенс најефикасен беше Јован Петрески со девет гола, додека кај поразениот тим се истакна Борјан Благојев со осум реализации.

Прв патник на Ф4 турнирот е актуелниот бранител на титулата, Еурофарм Пелистер, кој во четвртфиналниот братски дуел двапати го совлада Еурофарм Пелистер 2 (52:26, 36:31).

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT