Еден од струшките таленти го засилува Куманово

358

Еден од тимовите кои обезбедија опстанок во Супер лигата за претстојната сезона – Куманово, активно работи на пополнување на дефицитарните позиции, откако од клубот заминаа неколку ракометари. Во Куманово, покрај Наум Костов, ќе пристигне и уште еден член од Струга. Станува збор за еден од најдобрите асистенти во лигата минатата сезона, средниот бек Филип Мечкароски, кој зад себе има низа признанија и награди уште од младинските категории, дознава Спортска Димензија.

МВП признание на пионерскиот Ф4 во 2022 година, признание за најдобар стрелец на струшкиот турнир во 2025 година, МВП награда од кадетскиот Ф4 во 2021 година, на кој Струга го освои првото место, како и признанието за најдобар стрелец на завршниот турнир во кадетска конкуренција во 2023 година…

Сите овие награди потврдуваат дека Мечкароски со години е меѓу најталентираните ракометари од својата генерација и дека поседува квалитети кои го издвојуваат од останатите. Во изминатата сезона, средниот бек беше најдобар стрелец во тимот на Струга со 107 постигнати голови, а со својата игра се наметна и како еден од најдобрите асистенти во суперлигашката конкуренција.

По испаѓањето од Супер лигата и преселбата во понизок ранг, Струга ќе влезе во процес на реконструкција, со цел да се задржи традицијата – создавање идни репрезентативци. Од тимот си замина и Војо Клењоски, кој се пресели во Мулти Есенс.

Најдобриот стрелец од пионерската лига се сели во Мулти Есенс

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT